darpa-tank-of-the-future

Defense Advanced Research Projects Agency (DAPRA) е агенција на министерството за одбрана на САД која е одговорна за развивање на нови технологии за војување. Оваа агенција е одговорна за многу нови технологии, кои буквално го менуваат светот во кој живееме, вклучувајќи ги компјутерските мрежи, заедно со NLS, оформувајќи го првиот хајпертекст систем со графички дизајн.

Последното достигнување на DAPRA е мал тенк, кој по своите димензии и маневри се разликува од стандардните машини. Малите тенкови на DARPA имаат можност да бидат и беспилотно возило, управувано наликум дроновите кои САД ги користи за воздушни напади.

Сепак примарен таргет на DARPA е дизајнирање на напредна пилотска кабина со голем HD дисплеј и мал милион автоматизирани команди, а се со цел:

1. Да се намали бројот на пилоти потребни за управување на тенкот

2. Да се намали опсегот на работа за управување

3. Тенк, лесен за управување, за кој е потребен минимален тренинг

6910934-ground-x-vehicle-technology-643-385

Во видеото подолу може да ги погледнете повеќето опции кои DAPRA планира да ги вметне во управувачката конзола на новиот тенк. Меѓу најнапредните функции кои ги поседува овој тенк се планирање на рутата на движење, за да се избегне тешко проодни делови, сензор со кој се детектираат и следат непријателите и автопилотот.

Извор: Engadget

Претходна статијаXiaomi стана третиот најголем производител на паметни телефони во светот
Следна статијаНова победа за сончевата енергија во САД