B-ROLL_PACKAGE_v3.00_03_28_12.Still005.0.0

Детето на (добриот) гениј Елон Маск, Hyperloop, почнува да се раѓа. Само немојте да се разочарате кога ќе го видите бидејќи сè уште е далеку од крајната верзија.

Сепак, се работи за прва демонстрација на овој проект од било која од компаниите и друштвата кои се активирани за да го остварат овој одличен проект на Маск. За тие кои не знаат што е Hyperloop, продолжете да читате подолу.

Демонстрацијата успеа да постигне брзина од 185,6 км/ч за само 1,1 секунда, што се преведува во забрзување од 2,4 Г (Земјино забрзување). Иако во оваа демонстрација нема вакуумски цевки, маглев движење на количката, ниту пак кабини за патници, првиот тест помина успешно што значи дека овие се на пат да бидат остварени.

Секако, првиот тест е и да привлече вложувачи кои би го помогнале парично проектот. Тестот е дело на Hyperloop One, една од двете дружини кои се ангажирани околу остварување на Масковиот сон.

Притоа добро е да се види дека се работи на случајот и дека за деценија од сега ќе можеме да видиме супербрз јавен транспорт, барем во развиените земји. Македонија ќе мора да се задоволи со кинески возови кои се движат до максимални 160 км/ч, нешто што е вообичаено во западните земји.

Што е Hyperloop?

Hyperloop сега веќе беше предлог-проект на лудо-добриот милијардер Елон Маск. Тој го осмисли како проект за револуција во јавниот транспорт особено меѓу подалечни дестинации и со следните карактеристики при ум:

  • ефикасност на транспорт
  • огромна брзина на транспорт
  • соодветен за засебни луѓе или мали групи
  • соодветен за патување меѓу подалечни дестинации, како на пр., меѓу градови
  • и друго

За да ја оствари првата точка Маск замисли да постојат патнички кабини кои патуваат низ (скоро)вакуум цевки и тоа лебдејќи во (реткиот) воздух преку маглев технологијата. Маглев е инаку кратенка од магнетна левитација, и најбрзите возови на денешницата ја користат оваа технологија за да го уништат отпорот со шините и да ја зголемат максималната брзина на движење.

Поради (скоро)вакуумот отпорот на воздухот е многу мал, па брзината може да биде огромна без значително зголемување на трошоците. Кабините се прилагодени за мали групи на луѓе, па дури и посебни патници кои сакаат да патуваат сами, а поради огромната брзина веројатно најмногу ќе се користи за патување меѓу подалечни точки, како што прават оние кои одат од еден до друг град редовно по работа.

Постојат две компании т.е. дружини поточно кои се заангажираа да го остварат Hyperloop: Hyperloop One и Hyperloop Transport Technologies. Засега напредокот е сè уште во концептуална и дизајнерска фаза, но веќе се прелева во вистински модели и демонстрации, како погорната на видеото.

Дополнителни информации: The Verge, TechSpot, The Next Web

Претходна статијаWindows 10 Mobile ќе добие поддршка за скенери за прсти од ова лето
Следна статијаKirin 955 чипот во Huawei P9 е едно скалило послаб во однос на конкуренцијата