Сведоци сме на многу нови технологии во областа на автомобилската индустрија. Најпопуларни денес се хибридните и електричните мотори кои полека, но сигурно веќе ги заменуваат традиционалните мотори кои работат на фосилни горива.

Најновата технологија која се базира на водород ни доаѓа од Honda и General Motors. Овие две компании се крајно сериозни кога се работи за овој вид на технологија, што го потврдува и нивната соработка. Тие ја продолжуваат нивната соработка која што оригинално беше договорена во 2013 година со цел што е можно поскоро да го донесат овој вид на автомобили поблиску до потрошувачите.

Двете компании ќе вложат по 85 милиони долари за формирање на нова компанија наречена Fuel Cell System Manufacturing (FCSM). Оваа нова компанија ќе биде сместена во склоп на фабриката на General Motors за производство на батерии во Мичиген. FCSM ќе се посвети на тоа овој алтернативен проект да стане колку е можно подостапен за потрошувачите во иднина.

За разлика од General Motors, Honda веќе го произведе нивниот прв модел кој што се базира на оваа технолгија наречен Clarity Fuel Cell. GM во меѓувреме е посветен на тестирање на прототипови пред да го претстави нивниот ZH2 pickup за американскиот пазар.

Овие две компании заедно имаат 2.220 патенти во области како производство на ќелии на водород и системи за складирање на водород. Оваа алтернативна технологија е пријателски настроена кон природата и ќе овозможи повеќе опции за потрошувачите во иднина.

Интересно е да се спомене дека Honda има произведено хибрид мотор, но сеуште нема електричен, додека пак GM моментално ги покрива сите можни алтернативи во областа на автомобилските мотори.

Извор: DigitalTrends, FoxNews

Претходна статијаШто е тоа иновација?
Следна статијаKyocera во Јапонија лансира смартфон кој може да се пере со сапуница