honda_clarity_fuel_cell_red_driving_1_1_converted

Водородот е најзастапениот елемент во галаксијата поради тоа што е наједноставен. Ѕвездите веќе милиони години го користат како извор на енергија, па редно време е и ние, нели? Сепак, не е така лесно како што изгледа.

За проблемите со водородот веќе сме пишувале. Во главно се работи за начинот на складирање на истиот и негово добивање. Производителите на автомобили моментално повеќе се посветени на електрични автомобили, но некои се обидуваат да ги спојат двата концепта во еден.

Honda_Clarity_rear

Па така го добивме Honda Clarity Fuel Cell, автомобил кој е електрично возило, но во исто време добива енергија од водородни горивни ќелии. Горивните ќелии создаваат електрична енергија која се насочува во батеријата, а од батеријата се користи за движење на возилото.

Со еден резервоар Clarity има автономија од околу 700 километри, а горивните ќелии имаат моќност од 100 кВ. Honda секако не го „баталила“ изгледот на автомобилот, па тој изгледа одлично како што е обичај за овој производител.

honda_clarity_fuel_cell_interior_1_1_converted

Инженерите на оваа компанија успеале доволно да ја смалат големината на ќелиите (за околу една третина) за тие да можат да бидат сместени под возилото, како и стандардниот резервоар за гориво. Тоа пак значи дека сега има повеќе место внатре.

Позитивната работа со возилата кои користат водород е што се полнат неверојатно брзо. За да го наполните цел резервоар на Clarity ќе ви требаат само 3 минути! Засега цената на Clarity ќе биде околу 63 илјади долари (7,66 милиони јени), а на пазарот се очекува да стигне во 2016 година.

Извор: Mashable, Engadget, Honda

Претходна статијаТелефонот со нескршливиот екран, Droid Turbo 2, ќе биде достапен и во Европа под името X Force
Следна статијаСоздаден влечен зрак сличен на тој од Star Trek