150817133016-google-sunroof-780x439

Колку пати досега сте помислиле да инсталирате сончеви панели кај вас за домаќинството како би заштедиле на електрична или топлинска енергија, и со тоа да го олесните буџетот? Сепак, после тоа веројатно ви следеле мисли дека сончевите панели се се` уште скапи и непристапни. Македонија е сончева земја, но нејзината политика на поддршка за искористување на сончевата енергија е благо речено – изгубена.

Па од таму не можете ниту да процените колку пари ќе ве чинат сончеви панели, за колку време би ги одкупиле, колку енергија ќе ви штедат во однос на изложеноста на Сонце и така натаму. За да помогне во пресметката на овие работи (засега на американците, секако), од Google го објавија својот последен проект во оваа насока наречен Google Sunroof. Се работи за проект кој користејќи ги Google Maps ви овозможува да си ја одредите квадратурата на куќата/дворот каде би ставиле сончеви панели, а потоа базирано врз овие информации ви пресметува неколку други информации.

Меѓу нив спаѓаат: колку годишни часови сончева енергија имате на вашиот (или туѓ) имот; колку квадратни метра (стапки) имате достапни за поставување на сончеви панели; колку ќе штедите енергија пресметано во долари, во однос на тоа за колку време би ги изнајмиле сончевите панели; и други информации. Секако, Google Sunroof ја зема предвид и накосеноста на вашиот покрив кога ги изработува пресметките, нешто што веројатно не сте го очекувале.

Ние не успеавме да го натераме Google Sunroof да работи кај нас преку официјалната адреса на: https://www.google.com/get/sunroof; веројатно бидејќи не е достапна за Македонија. Сепак, убаво би било да сонуваме некогаш ваков сервис да постои и за кај нас како би можеле да пресметаме колку ќе не` чини поставување на сончеви панели на нашите кровови.

Извор: CNN, Google Green Blog, Venture Beat

Претходна статијаStartQube, летен камп за стартапи, со покана до сите заинтерсирани учесници
Следна статијаКанадска компанија патентираше дизајн за 20 километарска кула