Google X дивизијата на Google која работи на напредни и експериментални програми како коли кои сами се возат, Google Glass и слично, работи на развој на начин на откривање на болестите преку мали магнетни нано честички. Овие нано честички треба да се закачуваат за разни лоши внатрешни појави како клетки заболени од рак и така би помогнале во дијагностицирање и лечење на разни болести.

Google работи на износот на наномагнети и начинот како да се внесат во телото. Тие ја разгледуваат можноста истите да се голтнат во вид на стандардно апче, а потоа со помош на преносен магнетен уред да се анализира каде се акумулираат и врзуваат, што би можело да значи наоѓање на проблематично место во организмот. Научниците ќе треба да им направат и обвивка која би се врзувала за некои видови на протеини и шеќери кои ги има на површината на канцерогените или други фалични клетки, а кои не се појавуваат кај нормалните.

Главниот на дивизијата за научни истражувања Ендру Конрад изјави: „Ние се обидуваме да ја прекинеме смртта преку лечење на болестите … Во основата, нашиот непријател е смртта. Нашиот непријател е непотребната смрт. Бидејќи ја имаме технологијата за да се вмешаме и треба да потрошиме повеќе енергија и труд на истото“. Се смета дека ваквата технологија ќе биде изведлива за околу 5 години од сега и на нејзе работат повеќе од 100 вработени на Google.

Веројатно ваквата технологија може да се спои и со една друга која искористува наноелементи од злато и железо-кислород кои носат одредени антитела до клетки на рак, а потоа со помош на инфрацрвена светлина се загреваат и така го уништуваат ракот.

Извор: The Verge, PC World

Претходна статијаНаучници од Харвард имаат складирано 700 терабајти податоци на еден грам ДНК
Следна статијаНовиот GT80 Titan гејминг лаптоп на MSI со вградена механичка тастатура