Aclima-Mobile-Mobius-Small

Google има доста возила во циркулација во сообраќајот, и тие фотографираат фотографии од 360 степени. Па на една американска компанија и` текнало дека можат да се искористат и за анализа на квалитетот на воздухот. Таа американска компанија е Aclima, и во соработка со Google тие на неколку возила наместија сензори за загадување на воздухот.

Логиката е следна – возилата и така постојано вртат низ градовите и фотографираат. Тоа значи дека ги доведува во директен допир со воздухот кој се дише во градовите и другите населени места. Инсталирањето на сензори за загадување нема скоро воопшто да ги оптоварат возилата или да им ја зголемат потрошувачката, па зошто да не се стори истото?

Инаку, проектот е дел од проект на NASA и EPA (Агенција за заштита на околината) за испитување на квалитетот на воздухот во САД. За да се оствари првиот тест возилата возеле по 750 часа во месецот, а пробата е направена во градот Денвер. Google и Aclima планираат да започнат нови тестови во заливскиот дел на Сан Франциско за да помогнат на EPA да одреди како загадувачите се движат во урбаните зони на нивото на земјата. Според Aclima, ваквите сензори ќе можат да се искористат било каде што возат возилата на Google.

Сепак, не се радувајте пред време. Иако и во Македонија возат возилата на Google, шансите да се инсталираат сензори на нив се многу мали, а и да се инсталираат ќе се заглават од претерано чистиот воздух кој го имаме, особено во Скопје и Тетово. Некои општества активно се грижат за квалитетот на воздухот и како да го намалат загадувањето, други за да го задржат лажниот БДП (и околу 1.350 луѓе кои годишно умираат од болести поврзани со загаден воздух) ги советуваат граѓаните да седат дома и да ги затвораат прозорците.

Извор: The Verge, Aclima.io

Претходна статијаНаучници безжично контролираат глувци
Следна статијаNokia претстави камера, која може да снима целосно опкружувачко видео!