google-glass-for-work-001

Google Glass (сега веќе Project Aura) е проект на Google кој не беше целосно ентузијастички пречекан во јавноста. Првата пречка беше големата цена. Втората беше безобразното кршење на приватноста на луѓето во околината на носачот. Третата беше неиздржливоста, слабата батерија и немањето апликации кои нешто би правеле. Четвртата е постојаното манично ѕиркање на корисниците кон малото екранче кое оддаваше чуден и безобзирен изглед кон околината.

Google изгледа дека не планира да го напушти овој проект, но секако планира да го подобри. Во еден поднесок пред Федералната комуникациска комисија на САД (FCC) се појавија фотографии и концепти за новиот Google Glass/Project Aura. Тие се` уште не изгледаат целосно финализирани, што е очекувано, меѓутоа покажуваат неколку промени.

google-glass-for-work-007

Една од главните промени е што очилата сега имаат и зглоб, па можат да се склопат и стават во џеб после користење, нешто што не беше баш можно со претходната верзија. Екранчето т.е. стаклената призма е поголема, а внатрешно ќе има нов, подобар Intel процесор, подобра камера, можност да се поврзе на 5ГХц безжични мрежи и подобра батерија.

Сепак, дали вака ќе остане крајниот дизајн е тешко да се рече. Претходно имаше некои најави дека некои од верзиите на новиот Google Glass/Project Aura нема воопшто да има екран, а сепак во поднесокот екранот е јасно застапен на фотографиите.

Извор: The Verge, TechnoBuffalo

Претходна статијаНови информации и видео од новиот Xiaomi Mi 5
Следна статијаSony му предлага на Google да вклучи Restart копче во основниот Android код