drones-master675

Facebook и Google на големо работат на нова технологија за обезбедување пристап до Интернет до секое парче на Земјината топка.

Најновата авантура на Facebook во оваа област е нивниот концепт за беспилотно летало (дрон) наречен Aquila. Aquila беше најавен на F8 конференцијата и е наменет за обезбедување Интернет пристап до сите краишта на Земјата. Леталото ова ќе го остварува со тоа што ќе испраќа Интернет сигнал до прифатно-испратна станица на површината преку користење на ласер.

Инаку, самото летало има ширина на крилјата колку Boeing 767, но е изградено од суперлесни материјали кои овозможуваат да има помала маса од едно просечно возило. Ова е многу битно бидејќи според плановите на Facebook, Aquila ќе треба да остварува непрестани 3-месечни летови во атмосферата. Тоа ќе лета на висина од 18 до 27 илјади метри и ќе се самоодржува во воздух со помош на напредни алгоритми за летање.

Овој концепт доаѓа после откупот на компанијата Ascenta која се занимава со летачка технологија, базирана во В. Британија пред една година. Facebook објави дека тестните летови ќе започнат ова лето (но само што беа успешно остварени), па останува да видиме дали овој концепт ќе биде практичен и ќе може да се оствари во живо. Воедно, да се надеваме дека пристапот до Интернет за овие региони нема да резултира само во зголемување на сообраќај за поставување селфиња, гледање видеа со мачки, или пак зголемување на следечките капацитети на NSA, туку дека ќе влијае кон зголемување на пристапот до светското знаење и развивање и еманципација на неразвиените општества.

Извор: TechCrunch, IOL

Претходна статијаМикрон и Интел ја откриваат новата 3D NAND флеш меморија
Следна статијаГаснење пожар со помош на длабоки басови