Светот сака да дознае колку што е можно повеќе детали за новиот Model 3 на Tesla. А овие детали пак, никој подобро не може да ги објави од Елон Маск. Тој преку неколку пораки на Twitter успеа до некаде да ги задоволи апетитите на љубопитните коишто со нетрпение очекуваат да го видат овој нов модел на Tesla. Маск прво појасни дека Model 3 не е наредната верзија или надградба на Tesla, како што е примерот во светот на паметните телефони пр. iPhone 2, 3 итн. туку дека Model 3 ќе биде посебен модел, различен од претходните и наредните модели.

Маск исто така објаснува дека овој најнов модел на Tesla ќе има можност за автопилот, најверојатно со пост продукциски надградби. Тој го спореди Model 3 со BMW 3 серија и со Audi A4. Нема да содржи некоја специјална нова технологија која што не е користена во претходните Model S или Model X, туку новата технологија е во производствениот процес на ова возило. И покрај 75 киловатната батерија, ќе има поголем ранг од Chevy Bolt EV на пример, кој што има солидни над 380 километри со едно полнење на батеријата.

Ќе се изработуваат различни верзии од Model 3, нешто слично како кај Model S и Model X. Ќе има брза верзија која ќе нуди силен перформанс, нешто слично како P 90D на Model S. Исто така ќе има верзија со двоен мотор, на предната и на задната оска, нешто што е видено и кај претходните возила на Tesla. Сите „специјални“ верзии најверојатно ќе бидат претставени некаде во наредната 2018 година.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаВозможно ли е да исчезнете од интернетот?
Следна статијаAsus лансира ултра моќен гејмерски компјутер со „Стормтрупер“ дизајн