The Boring Company, една од компаниите на Елон Маск е позната по своите егзотични решенија, со кои често знае да кокетира и самиот Елон Маск. Едно од нив се тунели изградени под големите градови, кои ќе имаат електрично придвижувани подлоги за возила и капсули за луѓе, кои ќе се движат со брзини од скоро 250 km/h и кои се наменети за избегнување на сообраќајните гужви во градот, особено ако сакате да стигнете на некое подалечно место.

Првите фотографии кои ги објави Елон Маск, нормално на твитер, се од Лос Анџелес, каде The Boring Company направи тест тунел со должина од 150 метри. Да, ова не е многу, но за сериозноста на потфатот говорат целосната електрична инсталација и целосната облога на тунелот.

Од друга страна, ова не значи дека треба набрзо да очекувате ваков тип на тунели, дури и под најбогатите градови во светот, особено што треба одобрување од градските власти, како и многу, многу парични средства.

Но, ако нешто научивме досега, тоа е дека Елон Маск знае да ги привлече инвеститорите на своја страна. Идејата со тунели под големите градови не е нова, но дефинитивно добива на важност благодарение на Маск и неговата упорност за донесување на напредни технологии во нашите животи.

Извор: Engadget, TechCrunch, The Verge

Претходна статија50 врвни говорници и 400 делегати на Самитот Македонија2025
Следна статијаSamsung се „потсмева“ на дисплејот на Pixel 2 XL?