Еден од најголемите визионери или според многумина еден од најдобрите претприемачи во поново време, Елон Маск, на твитер напиша дека Hyperloop, превозот во вакуум цевки кој ќе има брзини повисоки од оние на авионите, добил вербална дозвола за изградба на инфраструктура во Њујорк.

Дозволата ја има добиено компанијата “Boring Company”, која е под капа на Елон Маск и која се занимава, интересно со копање на тунели наменети за транспорт. Интересно, оваа вест и веројатно не значи ништо, бидејќи вербална дозвола и не е никаква дозвола се додека не се испечати црно на бело.

Исто така, технологијата за која зборува Елон Маск и не е особено тестирана, а многу научници и инженери се сомневаат во можноста да се изгради вакуум тунел со голема должина – едноставно, во моментов нема толку цврсти материјали кои ќе можат да го овозможат тоа.

Како и да е, Маск е убеден во овој начин на превоз, а Hyperloop веќе има и многу голем публицитет во јавноста. Според неговите твитови, мрежата ќе биде многу голема, односно ќе биде растегната меѓу Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Вашингтон, а од Њујорк до Вашингтон ќе се стигнува за само 29 минути, заедно со застанувањата во двата попатни градови. Доколку ова навистина се исполни, би било импресивно и би можело целосно да го промени начинот на кој ќе се транспортираме во иднината.

Во меѓувреме, доколку сакате вистински да се запознаете со проблемите со кои се соочува Hyperloop и зошто овој начин на превоз (доколку е навистина во вакуум) не би можел да успее, погледнете го видеото подолу, каде се одлично објаснети (непремостивите) инженерски предизвици.

Извор: The Next Web, Indepdendent, The Verge

Фото: Business Insider

Претходна статијаEFF: Кои компании ги чуваат вашите приватни податоци ?
Следна статијаНовата мобилна апликација ,,Мој Документ”, корисна алaтка за излез од административните лавиринти