Елон Маск е дел од многу нови технологии кои ги гледаме денес и благодарение на тоа многумина го гледаат како човекот кој ќе го забрза развојот на човештвото, нормално во подобра насока. Еден дел од неговите инвестиции е и во вештачката интелигенција, проект кој тој го претстави на јавноста.

Системот кој го развива неговиот тим може да учи само од фотографии и потоа да го примени тоа што го научил во реалниот свет. На пример, во презентацијата, тие му даваат на компјутерот да анализира сцена во која има блокови од дрво и тој успева да ја погоди нивната локација, само по тоа што го научил од фотографии.

Овој софтвер е дел од OpenAI иницијативата, која е непрофитна и која има за цел да го забрза развојот на вештачката интелигенција и да им овозможи на помалите дивелопери пристап до неа, што досега го прави прилично успешно. Одличен пример за ова е Roboschool, програм кој е дел од OpenAI и е всушност симулација за роботи, кои можат да учат на начинот кој го спомнавме погоре.

Друг софтвер наречен Universe е исто така дел од OpenAI. Тој може да се користи за да го реплицира она што луѓето го прават во одреден софтвер, како на пример играње игри и сурфање на интернет. Потоа, Universe може да го примени тоа што го научил следејќи ги искуствата од луѓето и да го реплицира тоа во реалниот свет, односно самиот да игра игри и да сурфа по интернет мрежата.

OpenAI работи и на неколку егзотични технологии, како на пример да научат компјутер да сонува и да чита, односно да им овозможи на компјутерите да учат еден од друг. Ова се проекти кои неверојатно брзо ја доближуваат вештачката интелигенција до обичниот човек и ја прават визијата за иднината многу пооптимистичка.

Извор: Futurism, The Verge, OpenAI

Претходна статијаGoogle претстави очила за виртуелна реалност, кои работат без дополнителен смартфон
Следна статијаНајдобрите Android апликации според Google за 2017