Дронови кои се доволно големи за да соберат возрасен човек, ќе пренесуваат патници во Дубаи почнувајќи ова лето. Од јули месец па натака, доколку на небото над Дубаи видите дронови поголеми од вообичаено, тогаш најверојатно се работи за пренос на луѓе во овој град. Ова е исто така дел од планот за автономни возила кои треба да достигнат бројка од 25% до 2030 година: Дел од овој план е и договорот кој беше потпишан со Tesla за испорака на 200 автономни возила за такси компанија од овој град.

Повеќе детали околу овие дронови не се објавени, но најверојатно ќе бидат под контрола на официјалните власти задолжени за транспорт и патишта. За остварување на овој проект ќе биде задолжена кинеската компанија Ehang, која што го има произведено првиот патнички дрон. Еден ваков дрон ќе може да носи патник со тежина до 100 килограми, а ќе може да помине околу 50 километри со едно полнење. Летот на дроновите ќе биде управуван од контролен центар. Патниците ќе можат да одберат една од претходно дефинираните дестинации кои ќе му бидат понудени.

Ова е уште една од многуте иновации кои Дубаи сака да ги воведе со цел да стане град кој ќе личи на градовите од футуристичките филмови. Воедно ќе биде и првата локација каде што ќе може да се возите со патнички дрон, затоа што во САД е потребна дозвола од Federal Aviation Authority, за која најверојатно ќе треба да помине уште време. Имено компанијата Ehang своите дронови ги тестирала токму во САД, поточно во Невада во август 2016.

Извор: TheNextWeb, TheTelegraph

Претходна статијаГледајте ТВ на компјутер: Како да го инсталирате и конфигурирате Kodi
Следна статијаDisney Research развива моќно безжично полнење кое работи на поголеми далечини