Истражувачите од Институтот за технологија од Масачусетс (MIT) развиваат технологја со чија помош ќе може да се процени колкава болка чувствува извесна индивидуа. Се работи за технологија на вештачка интелигенција која преку скенирање на фацијалната експресија на индивидуата може, преку алгоритам да ја пресмета болката која истата ја чувствува.

Системот наречен „DeepFaceLIFT“ претставува машина која преку алгоритам има способност да „учи“, па така истата е програмирана со помош на слики и видеа на кои луѓе чувствуваат болка или некаков вид на нелагодност. Техниката на детекција на болка се темели на човечките микро експресии на лицето. Системот се покажал како многу понапреден од претходните верзии со слична намена, бидејќи се прилагодува на човековиот пол, возраст и вид на кожа.

Ваквата технологија се очекува да наиде на широка практична примена иако веројатно никогаш нема да го замени човечкиот фактор и актуелниот „златен“ стандард за мерење на болката кој се користи во медицината. Понатаму, една од целите е достапноста на оваа технологија, па веројатно истата ќе „еволуира“ во мобилна апликација.

Извори: DigitalTrends, IndiaTimes

Претходна статијаHP Z Workstation компјутерите се за оние кои бараат максимални перформанси од својот компјутер
Следна статијаApple Watch Series 3 овозможува да зборувате директно на вашиот паметен часовник