chrome-touchbot-google

Корисниците на најпопуларниот мобилен оперативен систем, најчесто се жалат на кочење на своите паметни телефони. Особено голем проблем кај Android е чекањето да се прими командата, односно реакцијата на оперативниот систем, после допирањето со прстот на екранот.

Google е веќе подолго време посветен на средување на овој проблем и слободно може да се каже дека поновите Android надградби, како KitKat и Lollipop, работат прилично мазно. Сепак, за целосно искоренување на ваквиот проблем потребни се подлабоки решенија, а за нив, заслужен е новиот Chrome TouchBot.

Роботската рака е развиена за да може да работи со Android и Chrome OS оперативните системи. Има еден дел со кој го допира екранот и во исто време мери колку време поминува уредот на одговори на командата. Роботот е опремен и со можност за “swipe”, односно лизгање по екранот и слични други можности за интеракција.

На овој начин, Google може лесно да открие кој дел од оперативниот систем реагира најбавно на командите зададени од корисникот. Потоа, програмерите работат на оптимизација на кодот на тој дел од оперативниот систем, со цел побрза и помазна реакција.

Овој начин на истражување на брзината на работа на опреативниот систем секако дека ќе придонесе за помазно искуство, но веројатно само кај уредите со чист Android (Nexus), бидејќи многу од другите уреди имаат различни скинови и подобрувања, како и процесори кои не се оптимизирани од Google.

Извор: Engadget, Android Central

Претходна статијаUber презема дел од Bing Maps технологијата заедно со група на вработени од Microsoft
Следна статијаFlir One е термална камера за вашиот телефон која може да гледа и во целосна темница