Дали некогаш сте замислиле како изгледа батеријата или подвозјето Tesla Model S? За сите љубопитни се појави видео на YouTube на кое што може да се види како изгледа отворањето на батеријата на овој автомобил од Tesla. Подвозјето реално наликува на еден огромен скејтбоард којшто е составен од многу делови. Батеријата на автомобилот е сместена во овој „skateboard“. Подвозјето на Model S е истовремено и батерија и погон кој што на некој начин е независен од телото односно шасијата на автомобилот. Ова на компанијата им дозволува флексибилност во изборот на шасии за нивните модели во иднина, кои лесно ќе може да ги прилагодат на нивните веќе дизајнирани погони.

Дури постојат и мислења во јавноста дека Tesla треба да ги продава автомобилите без шасија, или барем да им овозможи на купувачите избор какво тело / шасија сакаат да возат. На видеото кое се појави на YouTube, двајца вработени во EV West успеваат да ја отворат батеријата и при тоа да прикажат што се содржи и од кои елементи е создадена. Инаку EV West е компанија која што вградува електрични мотори во класични автомобили.

Батеријата од Tesla која што е прикажана на видеото припаѓа на оштетен Model S кој што вработените во EV West го купиле на аукција, а подоцна истата батерија ќе ја искористат за еден нивни проект. Секое од батериските пакувања од 24V содржи 444 индивидуални батериски ќелии. Постојат и повеќе алуминиумски слоеви коишто ја штитат батеријата од надворешни влијанија.

Извор: Jalopnik

Претходна статијаLenovo Yoga 720 е достапен „2 во 1“ Windows 10 уред со одлични спецификации
Следна статијаНовиот McLaren доаѓа со ротирачка инструмент табла