Многу интересни новитети се случија на овогодинешниот саем за технологија CES 2017. Од таму ни стигна и веста дека постои соработка помеѓу кинескиот интернет гигант Baidu и кинескиот производител на автомобили BAIC Motors, со цел создавање на Level 3 автономни возила. Овие возила ќе се најдат на патиштата за тестирање кон крајот на оваа 2017 година. Следната цел на овие две кинески компании е да лансираат возило на автомобилското шоу во Шангај кое ќе се одржи во април годинава.

Знаеме дека Level 3 сеуште бара присутност на возач позади воланот, но неговите интервенции се значително намалени. Токму поради тоа, некои автомобилски компании како што е Ford на пример, го избегнуваат овој Level 3 на автономна технологија. Тие се со став дека работите се комплицирани поради потребата на интервенции од страна на возачот само во дадени ситуации.

Двете компании најавија и отварање на заедничка лабараторија за истражување. Кинескиот интернет гигант Baidu има за цел да обезбеди телематски решенија за нивните партнери. Едни од клучните фактори со цел да се произведе беспилотно возило се HD мапите, кои треба да ги обезбеди Baidu. Од друга страна, BAIC Motors треба да обезбеди OEM солуции како што се CarLife, CoDriver и MapAuto. Овие решенија се неопходни за да може интелегентната програма на интернет компанијата да биде спроведена на дело.

CarLife на пример е апликација за конектирани возила, која се користи во речиси 150 модели од 60 различни автомобилски компании, вклучувајќи ги Hyundai, Audi, Mercedes-Benz. Моментално ја користат преку 700.000 сопственици на автомобили.

Извор: ZDNet, TechCrunch

Претходна статијаIntel Compute Card е моќен Kaby Lake компјутер со големина на кредитна картичка
Следна статија10 подароци за Божиќ за секој Geek