7c3242ee785f7e5ea2bebd7cc2dd1c92_original

Ви се случило ли некогаш да дојдете на паркингот каде сте го паркирале возилото, и да не можете да го најдете петнаесетина минути? Веројатно истото се случило по некоја долга пијанка со пријателите, кога меморијата за возилото магично исчезнува од умот.

За ваквите непријатни ситуации тука е да ви помогне AwareCar, Kickstarter проект кој за само 9 долари ќе ви овозможи личен локатор за автомобилот. Принципот на работа е многу едноставен – го сместувате AwareCar во возилото, и си терате работа. Кога ќе се вратите назад на паркингот, AwareCar преку Bluetooth ви прикажува каде се наоѓа точно, а притоа го користи GPS сензорот.

Дополнителна одлична работа со овој уред е што може да му се внесат информации на картата, па да автоматски да знае дали се наоѓа возилото на место кое се плаќа или не. Со помош на овие информации малку пред да ви истече времето за паркирање ќе ве извести и предупреди да додадете пари за да ви остане возилото, или да го тргнете.

За таму каде што нема податоци за платен паркинг, производителите велат дека планираат да активираат колективно пријавување на податоци од корисниците, кои заеднички ќе пријавуваат места каде паркингот се плаќа – за да можат сите други да знаат кој паркинг е таков.

Kickstarter кампањата бара само 15.000 долари за да се почне со производство на AwareCar, а за само 9 долари можете да ги обезбедите копија од својот производ, и тоа со бесплатен транспорт насекаде во светот.

Извор: The Next Web, Kickstarter: AwareCar

Претходна статијаНа Facebook во Германија му е наредено да не бара вистински податоци од корисниците
Следна статијаToyota HSR – робот наменет за подигање работи