Гигантот од авто-индустријата Audi работи на имплементирање на технологијата на соларни панели на своите електрични автомобили. Компанијата веќе може да се пофали со својот напредок на полето на технологијата која се однесува на возилата на електричен погон, меѓутоа, очигледно и тоа е премалку за да ги задоволи сопствените очекувања.

Овој пат, Audi работи на имплементирање на технологијата на сончеви панели на своите електрични возила со што дополнително ќе се експлоатира сончевата енергија, а возилата ќе бидат уште повеќе еко-настроени.

Се работи за супер-тенки сончеви панели кои би биле сместени во стаклениот покрив на возилото. Стаклото со сончевите панели би ја завземала комплетната површина на покривот со што би се максимизирал бројот на ќелии.

Кинеската компанијата Alta Devices, дел од групацијата Hanergy која соработува со Audi на овој проект, односно е задолжена за дизајнот и изработката на самите микро-панели, убедува дека истите се совршени за нивната намена. Имено, панелите се тенки и флексибилни и нудат одлична заштита при високи температури, како и одлични акумулативни способности при слаба сончева светлина.

Иако ваквиот план звучи особено футуристички, генерираната енергија нема да биде ни приближно доволна за да го придвижува возилото, меѓутоа, ќе се најде како корисна за напојување на системите за контрола на температурата, загревање на седиштата и слични системи кои користат мало количество на енергија, а сепак на извесен начин ја оптеретуваат главната батерја на возилото.

Извор: CNBC, Alphr

Претходна статијаSamsung дефинитивно спрема паметен звучник со Bixby
Следна статијаGalaxy Note 8 е игра на сигурна карта, што не значи дека не е импресивен смартфон