Овој најнов систем на Audi наречен Matrix Laser систем, дебитира на новиот Q8 концепт од Audi. Оваа технологија е иновативна од повеќе аспекти, како на пример автоматско намалување на светлината со цел да не им пречи на другите автомобили што доаѓаат од спротивна насока. Matrix Laser системот е обид на Audi да го смени начинот на кој што возачите го гледаат светот околу нив. Во иднина се очекува да биде една од главните компоненти на сите модерни возила, и сите автомобилски компании да ја имаат во предвид оваа иновативна технологија.

Сепак оваа нова иновација на Audi не е дозволена во САД. Ова е последица на тоа што во САД по закон се одбегнува правилник со повеќе од илјада страници. Многу детали за користењето на еден производ сепак не е прифатливо преку атлантикот. Во Matrix Laser системот секој фар користи ласер како извор на светлина, но зракот е поделен на милиони пиксели од страна на диодите. Мало огледало постојано го насочува зракот на различни страни со цел подесување на ширината и должината на самата светлина.

Matrix Laser системот има неколку карактеристики кои делува како да се излезени од некој научно фантастичен филм со дејствие длабоко во иднината. На пример проектирање на зборови и графики, на пример зборот „Стоп“ за предупредување на пешаци доколку доаѓа возило од спротивна насока кое не го гледаат. Нешто уште попрактично, проектирање на линии кои ќе ви дадат до знаење дали возилото е прешироко за да може да помине помеѓу камион и банкина на автопат.

Извор: Wired, WhichCar

Претходна статијаTesla инсталира нов Powerpack проект во Калифорнија
Следна статијаКако се снимани специјалните ефекти во немите филмови