Adobe и група истражувачи од Cornell University развија апликација која ја има способноста да корегира, трансформира или комплетно измени фотографија користејќи ја својата вештачка интелигенција. Deep Photo Style transfer, иако експериментална, апликацијата нуди голем потенцијал и ветува популарност.

Всушност, се работи за имплементирање на стилот, светлото и боите на една врз суштината на друга фотографија . Принципот на користење е прилично едноставен, се одбира слика која е потребно да биде изменета, а потоа се одбира фотографија чиј стил треба да биде емулиран. Вештачката интелигенција го одработува останатото, односно имплементирањето на боите, светлото, контраст и сл. Со други зборови, најобичната непрофесионална фотографија може да ја трансформира во вистинско уметничко дело.

Истражувачите кои работат на развојот на апликацијата велат дека се работи за унапредена верзија на софтвер кој постоел и до сега. Меѓутоа, новиот софтвер успева да препознае објекти на фотограифијата, односно, при имплементацијата на „ефектите“ успева да одбегне грешки кои подоцна визуелно би биле забележливи или би уништиле дел од фотографијата.

За сега е непознато дали тимот ќе го вклучи Deep Photo Style transfer во Photoshop, но извесно е дека ќе продолжат да работат на развивање на софтверот со цел тој да биде уште поефикасен. Апликацијата има ветувачки потенцијал, особено доколку биде имплементирана како комерцијален едитор за слики наменет за непрофесионалните корисници.

Апликацијата не е комерцијално достапна, но корисниците на Linux имаат прилика да ја „набават“ преку Github.

Извор: Engadget, TNW, Arxiv

Фото: TNW

Претходна статијаНовиот Самсунг “Gear 360” Воведува Вистинско 4K Видео и Снимање на Содржината во 360°
Следна статијаSamsung DeX Овозможува Продуктивност за Вработените во Постојано Движење преку Трансформирање на паметниот телефон во Десктоп Работна Површина