До 2029-та година компјутерите ќе имаат ниво на интелигенција еднакво со луѓето. Ова го смета Реј Курцвајл, директорот за инженеринг на Google. Она што за многумина беше инспирација при пишувањето на сценарија за холивудските филмови, веќе се случува, а во иднина сосема извесно процесот ќе се забрза.

Моментот кога вештачката интелигенција ќе ја надмине човековата, со што ќе се создаде ефект на независност на машините од човекот, се очекува да се случи за нешто повеќе од една декада. Меѓутоа, човекот кој го изнесе ова предвидување, не изразува особена загриженост за вештачката интелигенција, односно не ја доживува како закана, како што тоа знаеја да го прикажат во филмската индустрија.

Сепак, уште еден голем ум на денешницата, генералниот директор на Tesla, Елон Маск, смета дека постои сериозна шанса, луѓето да станат ирелеванен фактор, како последица на се поголемата доминација на машините врз севкупното постоење.

Идејата која заеднички ја застапуваат обајцата врвни стручњаци од оваа област, пак, е таа дека машините всушност ќе направат од нас подобри луѓе. Тие сметаат дека напредокот во технологоијата, сепак, не би требало да загрижува. Напротив, развојот на технологијата се очекува да оди во насока на служење на човекот. Големите визионери сметаат дека во наредните неколку децении, науката ќе овозможи поврзување на неокортексот, делот од човечкиот мозок во кој се одвива процесот на размислување, со таканаречениот „облак“ преку кој всушност ќе ги контролираме машините.

Ваквиот начин на поврзување, ќе има ефект и во обратна насока, што би значело дека вештачката интелигенција ќе помогне во начинот на кој функционираат луѓето. Би требало да ја зголеми креативноста, но и да ги задоволи физичките потреби на луѓето.

Целите кон кои се стреми денешната научна елита, може да се заклучи дека одат во насока на симплифицирање на голем број сегменти во животот. Извесни „задачи“ кои денес или во минатото го окупирале човековиот мозок ќе бидат извршувани токму од машините, а човековиот мозок на тој начин ќе има повеќе простор за креативен или секаков друг напредок.

Извор: Independent

Претходна статијаДали во иднина ќе имаме кружни аеродроми
Следна статијаИзраелски програмер измисли робот кој дипли облека