Во овој модул ќе зборуваме за проблемите во развојот на иновативните технологии, ефективното комуницирање со партнерите и потребните валидации за продуктот кој го креирате. Точното дефинирање за тоа во која фаза од процесот се наоѓате е клучно не само за планирање за тоа каде ќе бидете, туку и во која насока ќе одите и како ќе навигирате во процесот на комерцијализација. Овој модул ќе ви помогне да разберете:

  • на кои проблеми ќе наидете во секоја фаза од развојот
  • како ефективно да искомуницирате во која етапа на развој се наоѓате
  • каква валидација ви е потребна за да ја помогнете комерцијализацијата на вашата иновација

КАДЕ СТЕ И КАКО СТИГНАВТЕ ДОТАМУ

  • Дали знаете зошто ја креиравте технологијата која ја нудите?
  • Дали знаете да објасните кој проблем го решавате?
  • Дали знаете да ја профилирате личноста за која го градите вашиот продукт?

Потенцијалните партнети ќе сакаат да го знаат ова заради две причини. Првата е дека им помага да се осигураат дека вие знаете со што располагате, а втората дека вие добивате кредибилитет и доверба во напорите кои ги вложувате.

ФАЗИ НА РАЗВОЈ НА ПРОДУКТОТ

  1. Концепт – Кога започнувате со базичен концпет, тогаш истиот можете да го примените на најразлични пазари. Важно е на почетокот да валидирате дека постои маркет за вашата идеја и дека другите ја сакаат идејата онолку колку што ја сакате вие.
  2. Доказ за концептот – Фокусирајте се на најуверливата примена на вашиот концепт. Ова е периодот кога дефинирате прототип за она што го работите
  3. Итеративен прототип – Како што ќе работите на прототипот, ќе ја рафинирате неговата примена низ неколку итерации. Клучниот момент тука е да продолжите да го барате патот што најмногу ќе ветува. Вие секогаш можете да додадете нов пазар на продуктот веднаш штом имате негова примена во одредена област
  4. Периодот пред комерцијализација -во оваа етапа ги тестирате вашите одлуки и обиди во пробивање во одредена област, како и фокусирање на ваште време и фокус на начин да го овозможите успехот на пласирањето на продуктот
  5. Период кога продуктот е спремен за комерцијализација – секоја фаза е можност да се одреди дали треба да продолжите напред со развојот на технологијата, како и колку инвестиција ќе биде потребно. Ако вашата технологија оди успешно, тогаш треба да побрзате со преоѓање во некоја следна фаза

На овој начин, можете да мапирате во која фаза на развој се наоѓате.

Претходните постови на слична тема можете да ги најдете на следните линкови:

Модул 2 – Кои се бенефитите на вашиот продукт?

Модул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт?

Модул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт (втор дел)?

Дали знаете да формулирате добар и уверлив опис за вашиот продукт?

Претходна статијаСообраќајните ознаки на земја за смартфон генерациите
Следна статијаProTruly Darling е смартфон со дијаманти и камера за виртуелно 360 видео