СЛИКАТА ВРЕДИ ИЛЈАДА ЗБОРОВИ….ИЛИ МОЖЕБИ НЕ

Постојат одредени ситуации кога ова е случај. Во една прилика, додека бевме на натпревар за стартапи во Белград, еден иноватор се обиде да ни го долови неговиот проект преку слики. Иако сликите најчесто овозможуваат подобро да се разбере она на кое е работено, може да се случи да изостават важни информации. Добар технолошки опис на продуктот кој го нудите подразбира дека е изоставен технолошкиот жаргон. Тоа е затоа што она што го нудите го презентирате пред луѓе кои се обични корисници. Поконкретно презентирате  пред луѓе кои не се експерти во областа на која и’ припаѓа услугата или продуктот. Покрај ова, описот треба да биде “разговорлив”, односно да поттикнува на конверзација.

Често, особено помеѓу инвенивните инжинери и иноватори е да му даваат предност на техничкиот опис на проблемот. Ова подразбира дека слушателот имплицитно разбира дека техничкиот опис е клучен за решавање на проблемот што е погрешно.

ЗАПОЧНЕТЕ КОНВЕРЗАЦИЈА

Добар технолошки опис ја поттикнува личноста која го чита текстот да има интеракција со него. Добрите описи го избегнуваат користењето на стручни поими и ја опишуваат инвенцијата толку добро што и некој кој не е професионалец за дадената проблематика, може да ја види вредноста на вашата иновација. За разлика од ова, професионалците веднаш ќе изреагираат во стилот: “Ова е интересно, како е направено?” Во овој случај е дозволено да дискутирате повеќе за техничкиот аспект и како е нештото направено, бидејќи тоа било побарано од вас.

Еве еден практичен пример за технички опис:

“Ние нудиме нов концепт и материјал за минимален инвазивен хируршки третман на аневризми. Во обид да се намали значително дејство во ѕидот на аневризмата, ние развивме ‘силиконска леана протеза’, поединечно за секоја фабрикувана аневризма. Материјалот на протезата е носечки и тој е доволно јак за да се спротивстави на артерискиот притисок.”

Описот е детален.  Брзо доловува што е инвенцијата и што всушност прави. Но што претставува тоа? Дали е јасно за обичен човек да ја разбере вредноста на понуденото? Секако дека не.

Од овие причини, добрите технички описи кои се јасни за било кој вид слушатели играат голема улога.

Претходна статијаTesla Model S P100D со нов рекорд во забрзување од 0 до 100
Следна статијаLG Watch Style и Watch Sport се првите часовници со Android Wear 2.0