Постојат многу дефиниции и дебати за тоа што е иновација. Некои иновации се револуционерни и ги менуваат пазарите целосно. Други иновации се поинакви – тие се итеративни подобрувања кои напредуваат помалку драматично. Како и да е, сите се согласуваат дека иновациите претставуваат сериозен напор.

Иновацијата е местото каде напорната работа и квалитетот се навистина наградени. Кога науката ги конвертира парите во знаење, комерцијализацијата го претвора тоа знаење во богатство. Успешната комерцијализација со помош на техологиите ја зема идејата. Оттаму, ја конвертира во област на пазарот каде таа идеја може да даде вредност за општеството.

ШТО НЕ Е ИНОВАЦИЈА?

Технологијата, инвенцијата, уредот или новиот продукт не мора да бидат иновација сами по себе. За нештото да биде технички иновативно треба да понуди нова вредност и нов, подобар начин на извршување на нештата. Инвенција не е исто што и иновација. Инвенцијата е само еден дел од процесот на креирање иновација. Иновација е процесот на носење на инвенцијата на пазарот каде таа може да биде искористена. Иновациите го опфаќаат целиот процес и тие создаваат промени во начинот на кој луѓето ги прават работите. Секако, иновацијата сама по себе не е вредна – таа добива на вредност кога некој плаќа за неа.

КАКО ДА ОДРЕДИТЕ ДАЛИ ВАШАТА ИДЕЈА Е ИНОВАТИВНА?

Најдобриот начин е да се излезе на пазарот и да се погледне наоколу. Прашувајте многу прашања и слушајте го гласот на купувачите. Иновацијата може да се сретне секаде: од продукти,  до бизнис модели и организациски структури. Клучното прашање е како да се позиционира дадената технологија така што ќе го промени начинот на кои луѓетo функционираат денес. Од тие причини, ова прашање ќе биде разгледано во рамките на неколку модули:

  • Опис на технологијата – ќе зборуваме за тоа што е технологија и како е таа поврзана со иновацијата
  • Бенефити – ќе покажеме како да се дискутира за бенефитите кои ги има дадениот продукт или услуга и како тие му даваат вредност на купувачот
  • Процес на развој – ќе погледнеме како да се менаџира развојот на технологијата така што со секој чекор сме поблиску до пазарот
  • Конкуренција – ќе зборуваме за тоа како се анализира конкуренцијата и дефинирање на клучните бенефити кои овозможуваат предност
  • Валидација на пазарот – ќе објасниме како да се потврди вредноста на технологијата од различни луѓе со цел да се одреди што очекува пазарот од вашето дело
  • Пичување или презентација на идејата – ќе видиме како да се претстави идејата на јасен начин пред идните партнери, клиенти или бизнисмени

Останете со нас, ова е почеток на серијата текстови за иновација.

Што мислите вие на оваа тема? :)

Пишете ни или оставете коментар

Претходна статијаСветлината од дисплеите на уредите има негативни ефекти на сонот и здравјето
Следна статијаHonda и General Motors ќе соработуваат за развој на технологија на водород