Што споделувате, кој се ќе може да го види тоа, дали и кој може да ве „тагне“ на слика, дали листата на пријатели да биде достапна за сите и многу други слични прашања ? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат во прилагодувањата за приватност на Facebook. Прилагодувања има многу, на некои од вас ви се познати, на некои помалку или воопшто. Можеби некои од вас не се сигурни што точно значат. Во продолжение ќе можете да прочитате за сите можни прилагодувања поврзани со приватноста, објаснети како се прилагодуваат, што значат, зошто би ви користеле.

Нема некој посебен редослед што би требало да го знаете и следите за да успешно ги изберете прилагодувањата. Затоа ќе почнеме од страната на вашиот профил.

About/Информации

Ова е дел кои ги содржи вашите лични информации, како место на живеење, образование, работно место и слично. Притиснете на See all/Види се, на долниот дел, каде што завршуваат вашите информации. Сите информации се поделени во посебни категории, зависно од типот. Прилагодувањата за приватност на сите податоци се прават посебно, односно едно по едно. Притиснете на копчето Edit/Измени кое се наоѓа до секоја категорија и ќе добиете можност да ги измените прилагодувањата за приватност на секоја информација. Моменталната поставеност е прикажана со икони, глобус за јавно достапни информации, две лица за информации достапни само за вашите пријатели. Со кликање на иконата добивате мени од кое што можете сами да изберете која опција најмногу ви одговара на вашите потреби. Опциите што ви се достапни во ова мени, а истото се појавува кај повеќето прилагодувања за приватност се следните:

  • Public / Јавни

Секоја информација е достапна на секој што ќе го отвори вашиот профил, а не само вашите пријатели. Посетителот дури не мора да има Facebook профил.

  • Friends / Пријатели

Информациите ќе може да ги видат само вашите пријатели и никој друг.

  • Friends accept acquaintances / Пријатели освен Познаници

Сите ваши пријатели ќе можат да ги видат информациите, освен пријателите што ги имате ставено во листата на Познаници.

  • Only me / Само јас

Никој освен вие самите нема да може да ги види информациите.

  • Custom / Прилагодено

Вие избирате кој може, а кој не да ги гледа информациите. Можете да избирате по личност, односно подетално.

  • Close Friends / Блиски пријатели
  • Family / Семејство
  • Остатокот од вашите листи

Privacy drop

Овие три листи, како и остатокот од листите што ги имате, ги избирате кога информацијата сакате да биде достапна само на избраната листа. Листите доаѓаат веќе креирани од Facebook, меѓутоа имате можност да креирате и ваши групи на пријатели. Пр. Сакате да споделувате одредени работи само со вашите колеги на работа. Креирате листа која што можете да ја наречете Колеги од работа, и при споделување на било каква содржина, со избирање на таа листа, никој друг нема да може да ја види содржината, освен луѓето кои вие сте ги додале во листата.

Friends/Пријатели

Edit friends priv

Кликнете на лентата со пријатели, па потоа на копчето со икона од молив, односно Edit/Измени, па на Edit Privacy/Измени приватност. Ќе ви се отвори посебен поп-ап прозор преку кој што ќе можете да ги изберете вашите прилагодувања за приватност. Прилагодувањата кои што ви се на располагање за прилагодување се:

Capture2

Who can see your friend list/Кој може да ја види вашата листа на пријатели

Тука избирате кој се ќе може да ја види вашата листа на пријатели, односно дали никој, сите, само одредени пријатели и слично. Изборот се врши преку истото мени што го објаснивме предмалку.

Following/Кого следите и Followers/Кој ве следи

Исто и тука преку менито избирате кој се сакате да има пристап до информациите што се достапни на вашиот профил.

 

Photos/Фотографии

Кликнете на лентата со фотографии, а потоа на Албуми. Тука можете да изберете кој се ќе може да ги гледа вашите фотографии организирани во различни албуми. Измена можете да вршите зависно од типот на албум. Cover photo (насловни слики) албумот е јавен и истото не можете да го измените. За албумите Profile Picture, Mobile и Timeline можете да ја менувате приватноста за секоја слика посебно. За сите други албуми што вие самите ќе ги креирате, приватноста се менува за целиот албум. Изборот за приватноста повторно се врши преку предмалку објаснетите опции во менито за приватност.

 

Likes/Допаѓања

За да ги видите сите ваши допаѓања, кликнете на More/Повеќе на лентата под насловната страна. На десната страна кликнете на копчето со икона од молив, па на Edit privacy/Измени приватност. Тука имате можност да ја измените приватноста за секоја подкатегорија на допаѓања.

Likes priv

 

Главните подесувања за приватност се наоѓаат во главното мени на Facebook. На десната страна од Facebook лентата кликнете на иконата за подесувања, па потоа на Privacy Settings. Тоа ќе ве однесе на посебна страница каде се наоѓаат сите подесувања на Facebook, во конкретниот дел Privacy Settings and Tools.

Priv and tools settings

Who can see my stuff? Кој може да ги види моите работи ?

Who can see your future posts? Кој може да ги види твоите идни објави?

Избирате идните работи што ќе ги објавите, како слики, видеа, статусот, кој се ќе може да ги види. Тоа што ќе го изберете во ова подесување, ќе биде стандардно за сите нови објави, а можете за секоја посебна објава да ги смените при самото објавување. Препорачуваме да го ставите на Friends/Пријатели, па доколку во одредени ситуации имате потреба од промена да ја направите само за таа објава.

 

Review all your posts and things you’re tagged in Прегледај ги објавите во кои си означен/а

Оваа опција ве носи во Activity log/Дневник со активности, односно хронолошка листа на целата ваша активност на Facebook. На оваа листа може да ги видите работите што ги имате објавено, работите што ги имате лајкнато, новите пријатели, пратените покани за пријателство… Со кликање на иконата од молив, можете да сокриете нешто што имате објавено и слични промени зависно од содржината.

 

Limit the audience for posts you’ve shared with friends of friends or Public? Ограничи ја достапноста на објавите кои си ги споделил/а со пријатели на пријателите или кои се јавни?

Со промените кои што ги направи Facebook со воведувањето на Timeline и последователните промени во дизајнот, се појави проблем со приватноста каде што постари ваши објави што порано не можеше да ги види било кој, станаа достапни за секој што би отишол доволно далеку во „минатото“ на вашиот профил. Со притискање на копчето Limit old posts / Ограничи ги старите објави сите стари објави кои што можат да ги видат пријателите на вашите пријатели или се јавни, се менуваат во достапни само за вашите пријатели и никој друг.

 

Who can contact me? Кој може да контактира со мене ?

Who can send you friend requests? Кој може да ти испраќа барања за пријателство?

Тука имате избор помеѓу две опции, Сите или Пријатели на пријатели.

Whose messages do I want filtered into my inbox? Кои пораки може да ги филтрирам во моето дојдовно сандаче?

Тука правите избор за тоа каде ќе бидат ставени пораките од луѓе што не се во вашата листа на пријатели. Со стандардното филтрирање ќе добивате пораки од пријателите и луѓе што можеби ги познавате. Доколку изберете „строго“ филтрирање, тогаш пораките од луѓето што не се во вашата листа, ќе одат директно во Other сандачето.

 

Who can look me up? Кој може да ме побара?

Who can look you up using the email address or phone number you provided? Кој може да те најде со користење на електронската адреса или телефонскиот број кои си ги објавил?

Тука имате избор помеѓу три опции, Сите, Пријатели на пријателите и Пријатели.

 

Do you want other search engines to link to your timeline? Дали сакаш други интернет пребарувачи да можат да го прикажуваат твојот профил?

Овде избирате дали сакате вашиот Facebook профил да биде прикажан во резултатите на страни за пребарување, како google на пример, кога некој го пребарува вашето име.

Претходна статијаRevo Uninstaller Pro – Целосно отстранете ги остатоците од програмата што ја бришете
Следна статијаAndroid 4.3 помала надградба на Jelly Bean
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.