Во овој модул ќе дискутираме за тоа како да ги идентификуваме бенефитите на даден производ на начин кој е јасен и уверлив и кој јасно им ја прикажува вредноста на вашата иновација на купувачите.

ШТО Е ТОА БЕНЕФИТ?

Функционалност е технички детал за тоа што иновацијата прави, како е направена и што претставува. За разлика од ова, бенефитот ја претставува предноста која дадената функционалност ја креира за купувачот. Вредноста е бизнис импактот кој го носи бенефитот.

Бенефит е предноста која вашите купувачи ја добиваат со користењето на иновативните технолошки функционалности. Тоа не претставува функционалност или сет на технички спецификации, туку го претставува начинот на кој овие функционалности решаваат даден проблем за клиентите.

Купувачите не носат одлуки да купат нешто врз основа на техничките функционалности или спецификации на вашата иновација – тие купуваат решение за проблемот кој го имаат. Овие работи се важни, но секоја од нив треба да понуди нешто повеќе, бидејќи во спротивно клиентот нема да плати за нив.

Еве неколку примери:

  • Ако имаме функционалност која означува интерфејс кој е едноставен за користење, дадениот бенефит би бил дека вработените лесно ќе работат со него, а вредноста дека тие стануваат попродуктивни.
  • Ако функционалноста е поддршка за податочна енкрипција, бенефитот ќе биде сигурноста на податоците на клиентите, а вредноста е намалувањето на ризикот од крадци на податоци.
  • Ако функционалноста е лесна интеграција на API, бенефитот од тоа ќе биде едноставна интеграција на податоците низ различни сервиси, додека вредноста на ова е штедење на време и носење на подобри бизнис одлуки

За да го идентификувате клучниот бенефит на вашиот производ, размислете која е иницијалната каписла заради која го креиравте продуктот. Објаснувањето на овој момент на клиентите може да биде комплициран. За да го поедноставиме тоа, одговорете на следните прашања:

  • Зошто ја креиравте иновацијата?
  • Кој проблем го решавате со неа?
  • Дали Вие сте најдобрата или единствената компанија која нуди решение за дадениот проблем (многу редок случај)?
  • Дали можете да ја раскажете вашата приказна во помалку од 2 минути?

Доколку без проблем го совладавте секој дел, тогаш спремни сте да креирате успешна приказна за вас и вашиот продукт.

Претходна статијаНајиновативните гаџети за 2017 според Shark Tank
Следна статијаFord инвестира 1 милијарда долари во автономни возила