Пред да можат купувачите да го купат вашиот продукт, тие треба да бидат свесни дека постои и да знаат како да го најдат. Да го земеме за пример LinkedIn – популарната социјална мрежа за компании која почнувајќи од 2000 потроши години обидувајќи се да ги опише нејзините сервиси. Дополнително, да го земеме во обѕир фактот дека во почетокот социјалните мрежи претставуваа новитет и се’ уште не беа добро сфатени.

Во 2003-2004 покрај LinkedIn се појавија и Myspace.com (2003) и Facebook.com (2004). Слични сајтови постоеја и пред нив, но во други делови од светот, како на пример Cyworld во Кореа. Како и да е, појавата на социјалните мрежи беше сосема нова на американскиот пазар. Во почетокот, корисниците не беа сигурни што се подразбира под терминот “социјално вмрежување”.

Првите години од постоењето на LinkedIn тие ја промовираа пораката дека социјалната мрежа им овозможува на корисниците да се поврзат со луѓе од нивното минато. Компанијата беше внимателна и со изборот на своето име – тоа е кованица од Linked и In, што значи поврзан, а името јасно алудира дека станува збор за социјална мрежа. Ова е добар пример за именување на продукт. LinkedIn се промовираа на саеми и конференции, што значи дека покрај името, бирањето на вистинското место за промоција на продуктот има круцијално значење.

Сумирано, важно е следното:

  • Кое е името на вашата иновација?
  • Дали е лесно да се разбере?
  • Дали помага да се опише што е и што прави?
  • Како ќе им го претставите она што го имате на вашата таргет група на корисници?
  • Дали можете едноставно да објасните што таа може да направи за нив?
  • Дали можете да ја доловите вашата технологија на кус и концизен начин?

Вашито технолошки опис треба да ги има следните карактеристики:

  • да биде едноставно да се разбере брзо
  • објаснува јасно што прави технологијата и каков проблем решава
  • дава чувство што всушност е она што клиентите го купуваат

Доколку внимавате на горенаведените насоки, тогаш успешно ќе го именувате и дефинирате она што сакате да го понудите на пазарот.

Претходна статијаДали дојде време да се збогуваме со омилените iPhone игри и апликации?
Следна статијаQuant 48Volt концепт кој вози на електролитни горива