Во овој модул ќе искористиме постоечки иновации со цел да дефинираме како се пишуваат добри описи на продуктите. Ќе научиме како да јасно и прецизно да му објасниме некому што имаме и зошто тој би требало да биде заинтересиран за она што го нудиме.

ЈАСНА КОМУНИКАЦИЈА

Сите, почнувајќи од Владата која дава грантови до купувачите треба да разбираат каков проблем решава вашиот продукт или услуга. Првиот критичен чекор за комерцијализација на технологијата е да се биде апсолутно јасен околу тоа каква е технологијата. Фокусот во овој модул ќе биде насочен на тоа што е вашата иновација, што прави и како да се развие нетехнички опис на истата. Целта е да креира опис кој ќе биде разбирлив и за луѓето кои не се експерти за дадената област на која се однесува продуктот.

ШТО Е? ШТО ПРАВИ? КАКОВ ПРОБЛЕМ РЕШАВА?

Во помалку од 50 зборови објаснете што имате и како функционира тоа што го нудите. На пример, дали имате нов материјал? Дали станува збор за нов уред или нов алгоритам? Нов процес? Може да биде и комбинација од неколку работи и токму во тоа да се состои уникатноста на нештото. Во секој случај, јасната артикулација е првиот предизвик во освојувањето на пазарот. Кога купувачите знаат што нудите, многу е полесно да се зборува за тоа како може да го користат продуктот и колку ќе бидат расположени да платат за истиот.

Земете лист хартија, поделете ја на два дела и во секој дел, во 25 зборови прво обидете се да објасните што е продуктот, а потоа што тој прави. Дали користевте едноставен жаргон кој е лесно да се разбре наспроти техничките називи? Дали напишаното е нешто што вашите роднини или пријатели можат лесно да го повторат? Дали зборувавте за решенијата кои ги нудите наспроти проблемите кои ги решавате? Дали ја заштититвте идејата кажувајќи ги само најнеопходните технички детали? Доколку внимававте и потврдно одговоривте, имате одличен старт за вашиот технолошки опис.

Претходна статијаЏастин Лонг, познат по рекламите “Mac vs PC”, стана заштитно лице на Huawei
Следна статијаПроизведување на вода со помош на уред на соларна енергија