Понекогаш може да се случи од една или друга причина да избришеме податоци од нашиот хард диск за подоцна да сватиме дека сме направиле голема грешка. Нема потреба за паника, шансите се дека тие податоци се сеуште присутни на вашиот компјутер.

Во оваа статија ќе ви објасниме како да ги повратите изгубените податоци. За таа цел ќе избришеме дел од нашата музичка колекција.

p1

Поновите верзии на Windows имаат вградена функција за повремен автоматски бекап на вашите податоци. Windows ги следи промените кои настануваат кај вашите фајлови и фолдери и креира таканаречени “shadow copies” кои може да се искористат за враќање на изгубените податоци.

p2

Доколку имате Windows 7 навигирајте до фолдерот каде што се наоѓале избришаните податоци и со притискање на десен клик на маусот изберете “Properties”. Во прозорецот кој ќе ви се појави изберете “Previous Versions” и ќе видите листа со претходни верзии од фолдерот подредени по датум. Изберете ја копијата креирана најблиску до моментот кога вашите избришани податоци биле сеуше присутни во фолдерот и притиснете на копчето “Restore”. По завршување на процесот изгубените податоци ќе бидат вратени во фолдерот.

p3

 

Во Windows 8, опцијата “Previous Versions” е заменета со “File History”. За да пристапите до вашиот бекап, влезете во “Control Panel\System and Security\File History” и изберете “Restore personal files”. Навигирајте до фолдерот каде што се наоѓале вашите избришани податоци и со притискање на зеленото копче вратете постара верзија од истиот.

p4

Ако фунцијата за бекап е исклучена во вашиот Windows имате можност да ги повратите вашите фајлови со користење на специјализирани програми за враќање на изгубени податоци како “Piriform Recuva” и “PC Inspector File Recovery”. Програмите се прилично лесни за користење, потребно е само да ги инсталирате и да ги следите инструкциите за пристап до избришаните податоци.

Претходна статијаSamsung ќе користи сопствени процесори во следната генерација на мобилни уреди
Следна статијаПретставување на PlayStation 4