two-factor-authentication-02

Секојдневно, сведоци сме на сѐ повеќе и повеќе пробиени или хакирани онлајн сметки, многу често на познати личности. Ова често и не може да се избегне – хакерите стануваат се поспособни и денес дури можат да го користат и бројот на вашиот телефон, но има начини со кои ќе се осигурате дека барем ќе им го отежнете тоа.

Со две нивоа на верификација преку секое логирање на вашата онлајн сметка од друг компјутер, ќе ја намалите можноста некој друг да влезе и да ги види сите ваши приватни податоци. И да, ова најчесто кај нас е партнерот или партнерката, кои на некој начин ги дознаваат нашите лозинки или дури и некој другар/другарка.

Двојното ниво на верификација е достапно кај скоро сите онлајн сметки што би можеле да ги поседувате, како на пример: Google, Facebook, Microsoft, Apple, Twitter, Dropbox, Yahoo! Mail, Amazon Web Services, Linkedin, Steam, WordPress, PayPal итн. Најчесто, двојното ниво на верификација го вклучува вашиот број на мобилен телефон, кој скоро секогаш го имате и го носите со себе.

lyu3enyzqgtid36at9e2

На ваквиот начин на логирање во онлајн сметките корисниците сепак ретко се одлучуваат, бидејќи одзема малку повеќе време. Мора да признаеме, веќе особено многу не мрзи да ја напишеме долгата лозинка, па уште чекање да добиеме код по SMS на нашиот телефон? Кошмар! Сепак, доколку и најмалку сте загрижени за вашите приватни податоци, препорачувам малку да се „помачите“ и да го користите овој начин на заштита.

Исто така, вреди да се напомене дека двојното ниво на верификација се активира само ако се логирате од друг компјутер или паметен уред – на уредите на кои сте веќе логирани нема да има потреба да го правите ова повторно. Во превод, на овој начин ќе се заштитите од влегување во вашите онлајн сметки од други корисници, на друг компјутер. И што е интересно, секогаш ќе знаете дека некој сака да Ве пробие, бидејќи ќе добиете порака со кодот за логирање. Мал меѓусовет – доколку не сакате да останете логирани на некој туѓ компјутер и кога ќе сакате повторно да се логирате да остане двојниот метод на верификација, направете го тоа преку “Incognito” на Chrome или “New Private Window” на Firefox.

Во прилог ќе ви покажам како да подесите две нивоа на верификација на Facebook, бидејќи кај нас тој и најчесто бива да е пробиен.

Кликнете на следниот линк за да ги избегнете чекорите од 1-3 или ако не работи линкот следете ги сите чекори подолу:

1.    Кликнете на стрелката во горниот десен агол, веднаш со „катанчето“
2.    Кликнете на Settings
3.    Во левата колона кликнете на Security

Screenshot_1
4.    Потоа кликнете на Edit во полето Login Approvals
5.    Кликнете во квадратчето каде пишува “Require a security code to access my account from unknown browsers”

Screenshot_2
6.    Потоа следете ги следните неколку чекори и внесете го кодот кој ќе биде испратен преку SMS на вашиот телефон

Screenshot_15556677

Кај скоро сите дури онлајн сметки подесувањето на двојна верификација при логирање е слично – треба да влезете во подесувањата, односно “Settings” и да го најдете полето “Security” и потоа да овозможите двојна верификација. Доколку го немате внесено вашиот телефонски број, можеби ќе треба прво да го внесете, секако со кодот +389 за Македонија.

Потоа, секогаш кога ќе се обидете да се логирате на вашата онлајн сметка од друг компјутер или паметен уред, ќе добиете код со 6 или 7 цифри на вашиот телефон преку SMS, кој потоа ќе мора да го внесете во посебно поле за да може да пристапите на вашата сметка. На овој начин ќе бидете сигурни дека никој друг нема да може да влегува на вашите сметки и да Ви ја загрози приватноста.

Претходна статијаНајновата верзија на Google Keyboard донесува поддршка за повеќе теми
Следна статијаiPhone 7 ќе вклучува поголема батерија?