При избор на смартфон сите гледаме за цената да го извлечеме максимумот, но секогаш ќе има нешто што ќе ни фали или ќе ни смета кај повеќето од телефоните за буџетот кој е планиран. Повеќето сакаме добра камера, но и добри перформанси, а знаеме да ја замериме внатрешната меморија. Моделите со 8GB полека почнуваат да се намалуваат на пазарот и да доаѓаат на ред тие со 16 или пак 32GB, секако скоро секогаш со поддршка за мемориска картичка која може да го зголеми капацитетот и до 16 пати.

Мемориски картички или универзалните microSD имаат доста варијанти кои се разликуваат по класа, брзина, фирма и што нудат во пакет (SD адаптер или USB адаптер), а се со релативно ниски цени. Како и со телефоните повеќето производители на мемориски полека ги исфрлаат моделите од 8GB, па така остануваат останатите модели со поголем капацитет, но и повисока цена.

Ако вашиот смартфон го користите во главно за фотографии и по некоја апликација, мемориска од 8 или 16GB 4та класа ќе ви заврши сосема доволно работа, но нема да ви помогне за снимање видео со FullHD резолуција. Мемориските од 4та класа имаат брзина од 6 MB/s што ги прави релативно бавни за снимање FullHD видео со досјтојна брзина на ферјмови.

Ако повеќе сакате да снимате со вашиот смартфон, а да не биде со ниска резолуција (сепак да излезе достојно видео за гледање на секој екран) препорачливи се меморсики од побрзата 10та класа кои имаат брзина од околу 10 MB/s, но ќе ви биде потребен поголем простор како некој модел од 32GB за да не се преполни за брзо време.

Тука е се и UHS класите кои се наменети за уреди кои можат да ја искористат таа брзина или пак за 4K видео снимки како што се GoPro камерите, но со доста повисока цена за истиот капацитет како и мемориска од 10та или 4та класа.

Кога барате мемориска картичка единствена работа на која треба да внимавате е намената за која ви е потребна, останатото е лесно со доста пристојни цени за секој џеб што знае да биде клучно и при избор на смартфон.

Претходна статијаiPhone 5S достапен во iStyle, чини само 17.990 денари
Следна статијаVertu Constellation е рачно изработен смартфон за богатите