Прашината е еден од најголемите причинители за намалувањето на перформансите на компјутерите или доаѓање до thermal throttle (“гушење”) обично на процесорот и графичката. Ако дојдете до ваква ситуација, кулерите кои ги оддржуваат температурите на процесорот и на графичката карта се натрупани со прашина што не дозволува за нивна оптимална работа.

Во ваквите ситуации сигурен сум дека на многумина од вас им текнало да ја вклучат правосмукалката и да ја соберат внатре прашината, но тоа е една од најголемите грешки што можат да се направат во ваква ситуација. Со вшмукување на прашината може да почне да се сосдава статичка енергија која подоцна знае да ги изгори вашите компоненти и да бидете принудени да ги смените.

Компресираниот воздух е можеби најдоброто решение во ваква ситуација. Ако користите компресиран воздух не заборавајте дека за оптимално користење треба да прскате со прекини и кога ќе дојде до замрзнување на конзервата треба да го оставите да се врати во нормална температура за поефикасна работа.

Како и компресираниот воздух можете да користите и компресор, но треба да бидете повнимателни поради тоа што компресорите знаат да имаат доста голем притисок и можат буквално да откачат кондензатори од матичната плоча.

При почнување со чистење најпрво се отстрануваат големите парчиња кои обично се шетаат по каблите или врз оптичките/тврдите дискови. Потоа се преминува на дување на прашината која е заглаваена во напојувањето, кулерот на процесорот и кулерот на графичката, како и на сите вентилатори во куќиштето. Кога се чистат вентилаторите внимавајте, ако не ги држите преките може да се скрши нивното лежиште.

Последниот дел е да се исчисти прашината на матичната плоча и на графичката карта. На овие места може да се користи некоја помала четка за поубаво да се отстрани прашината.

Ако често го одржувате компјутерот и не дозволувате да се натрупа со прашина, компонентите ќе имаат подолг век и ќе работат нормално без прегревање или намалување на брзината.

Претходна статијаШто може да очекуваме од мартовскиот настан на Apple
Следна статијаAMD Ryzen почнува со продажба на 2 март, ќе биде побрз и поевтин од Intel Core