151019DIV_HomepageSliderImg_6

Минатиот месец Неотел својата понуда ја прошири со понуда и на телевизија, со што ја комплетира дотогашната понуда на сервиси. На корисниците им се достапни повеќе пакети со избор на неколку производи, а истите може да ги погледнете на официјалната страна.

neoTV е IP телевизија која е направена на основа на Android TV со што на корисниците им се овозомжува гледање на каналите преку било кој уред кој е поврзан на интернет. Исто така, уредот којшто доаѓа може да се користи да го направи секој ваш телевизор паметен, односно овозможу дополнителни функции покрај гледање на телевизија, како инсталирање на сите достапни Play Store апликации за телевизорите.

Во продолжение ќе ви прикажеме колку е едноставно да се поврзе neoTV и веднаш да почнете да ги гледате вашите омилени канали. Во наредните видеа ќе ви прикажеме поконкретни работи кои подобро ќе ве запознаат со оваа телевизија и се што можете да направите со неа.

Претходна статијаДенеска Меркур поминува помеѓу Земјата и Сонцето – настан што ретко може да се набљудува
Следна статијаNvidia ја претстави најмоќната гејминг графичка GeForce GTX 1080 со изненадувачки достапна цена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.