miui-nexus-7-2

MIUI е популарен Android ROM, односно изменет оперативен систем направен врз основа на Android системот. Тој е познат по својот модерен дизајн кој што потсетува на iOS. MIUI постои веќе неколку години и е сосема бесплатен, но поради некомпатибилности со хардверот на Android таблетите, потребно беше да се почека додека да стане достапен за Nexus 7 2013. За среќа, последната верзија на MIUI денес е достапна и процедурата на нејзината инсталација е многу едноставна.  За успешно да го „флеширате“ вашиот Nexus 7 2013 таблет и притоа да го инсталирате MIUI ќе ви бидат потребни неколку основни алатки:

  1. Компјутер со Windows оперативен систем
  2. Nexus 7 2013 Wi-Fi – интернационална верзија
  3. Најновата MIUI инсталација
  4. Алатка за флеширање на ROM
  5. Алатка за отклучување на Boot Loader

Пред да започнете, битно е да се напомене дека флеширање на вашиот таблет, како и отклучување на boot loader-от ја нарушува неговата гаранција и ги брише сите податоци. Затоа направете бекап на сите важни податоци пред да ги следите чекорите. 

Дел 1: Отклучување на Boot Loader

  • Поврзете го таблетот со вашиот компјутер преку USB кабел.
  • Исклучете го таблетот.
  • Држејки го копчето за зголемување на звук (Volume +), притиснете го копчето за вклучување.
  • Ако на екранот ви се појави пораката „LOCK STATE – UNLOCKED“, вашиот таблет е веќе „отклучен“. Продолжете со Дел 2. Ако на екранот ви се појави пораката „LOCK STATE – LOCKED“, извршете ги останатите точки од првиот чекор.
  • Отворете го фајлот „unlock.bat“ од алатките за флеширање кои претходно ги симнавте.
  • Кога ќе се појави Unlock Boot Loader страната на екранот на вашиот таблет, изберете „Yes“ и притиснете го Power копчето за да потврдите.

200320zy4a3ca38yeerzwx.jpg.thumb

Дел 2: Инсталацијата

  • Вклучете го таблетот
  • Додека таблетот е сеуште врзан со компјутерот, вклучете ја алатката за флеширање на ROM, што ја симнавте претходно
  • Почекајте да заврши. Може да потрае неколку минути.
  • Ако случајно не функционираат контролите на уредот, треба да го исклучите вашиот таблет држејки го копчето за исклучување цели 15 секунди.
  • Следниот пат кога ќе го вклучите таблетот, на вашиот екран ќе ве пречека MIUI.
Претходна статијаKali Linux, најдобриот оперативен систем за тестирање на сигурност
Следна статијаКористете паметни кваки за подобро здравје