Screenshot_1

Доколку имате Windows десктоп компјутер дома, сигурно секој од Вашата фамилија се најавува како различен корисник, со своја сопствена сметка, а многу често и корисниците со лаптопи имаат неколку различни кориснички сметки. Во наредниов лесен туторијал, ќе дознаете како подобро да ги изменаџирате датотеките на Вашиот десктоп (работна површина) доколку имате два или повеќе корисници на компјутерот.

Ова е корисно за оние датотеки кои сакате да ги имате на десктопот на секој корисник. Датотеки кои не се приватни – на пример папка со музика која сакате да биде достапна на сите корисници. Кај сите верзии на Windows, основна поставка е на десктопот на секој корисник да бидат достапни само датотеките на тој корисник, а не на другите корисници, заради зачувување на приватноста.

За да пристапите до десктопот на другите корисници, треба да одите во “C:\Users\ime\Desktop” каде “ime” е името на корисникот чии датотеки сакате да ги видите – на пример во мојот случај “ivoto”. Напомена: за ова мора Вашата корисничка сметка да биде администраторска и корисникот на чии датотеки сакате да пристапите да нема лозинка (ако има, ќе треба да се впише лозинката).

snip_20160720120145

Сепак, ова не е секогаш елегантно решение и би било подобро ваквиот тип на датотеки секогаш да ги имате на вашиот десктоп, за да можете да им пристапите побрзо. За тоа, одете во “C:\Users\Public\Public Desktop”. Секоја датотека што ќе ја ставите во овој фолдер, ќе се појави на десктопот на сите корисници. Напомена: Public Desktop папката е обично скриена, односно “Hidden”, па за да и пристапите, кликнете на “View” менито во горниот дел и штиклирајте го полето “Hidden”.

snip_20160720120122

Исто така, можете да креирате стандарден десктоп за секој нов корисник што ќе се најави на компјутерот. На пример, да речеме сакате на десктопот на секој нов корисник да има “Computer” икона, “Google Chrome” или “Mozilla Firefox” икона и папка со пристап до музиката. Ова можете да го направите доколку одите во “C:\Users\Default\Desktop” (Default папката можно е да е исто така скриена, односно “Hidden”) и ставете “Shortcut” од сите тие програми и папки во тој фолдер. Напомена: ова нема да ги измени поставките на вашиот десктоп, туку само на новите корисници.

snip_20160720120400

Претходна статијаДостапна последната тест верзија од Android N пред официјалното пуштање
Следна статијаMeizu MX6 е луксузен телефон од средно – високата класа со цена од само 299 долари