managing

Дизајнери, програмери, музичари, актери, медицинари, правници…без оглед  која од овие професии ја имате, факт е дека ние едноставно не знаеме како да водиме бизнис. Дури не мора да зборуваме за сериозен бизнис, нека биде тоа обично менаџирање на тоа како ги трошиме парите. Никаде не учиме како тоа се прави. Нашите факултетски програми се поинакви. Не учиме како да склучуваме договори. Не нè учат да бидеме “рентабилни”. Покрај ова,  никој не нè учи како да разликуваме профитабилен клиент од непрофитабилен. Едноставно тоа е друг, непознат свет за нас и токму затоа ова мора да се промени!

spend

Како и да е, мониторирањето на тоа како се трошат парите може да биде навистина лесно и да се исплати. Нема ништо страшно во користење на хартија и пенкало или апликација како помошни алатки. Тоа може да ви помогне да излезете на крај со вашите сметки. Треба само да одвоите неколку минути во текот на секој ден за да имате постојана евиденција за тоа каде одат вашите пари. Старите знаат да кажат “Чиста сметка, долга љубов”. Оттука, добро е постојано да си ја ажурирате вашата финансиска состојба. Ова може да се реализира на неколку начини:

  • Поставете приоритети. Трошете само за тоа што е навистина потребно и не расфрлувајте беспотребно.
  • Одвојувајте одредена сума од платата на сметка секој месец. Чувајте ги парите во банка. Што поголема сума, толку поголема камата и толку поголема добивка за вас.

bills

  • Водете евиденција за обртот на средствата. Инволвирајте ги сите членови од семејството во оваа активност. Земајте си ги фискалните сметки. Користете Microsoft Excel или некоја друга апликација каде ќе го запишувате потрошеното од секоја сметка. Вака лесно ќе можете да видите на што најмногу трошите, односно лесно ќе можете да си ги видите приходите и расходите.
  • Користете кредитни картички. При секое плаќање ќе добивате печатен извештај од маркет или банкомат и лесно ќе можете електронски да ја следите вашата состојба. Дополнително, овој процес го олеснуваат и интернет банките кои имаат готови апликации направени специјално за оваа намена.
  • Плаќајте навремено, особено ако имате работа со камати. Дополнителни трошоци не ви се потребни.
Претходна статија3 дневна забава за 3от роденден на Капитол Мол
Следна статијаHonda NeuV е електричен концепт кој може да прикажува сопствени емоции