2a4330beaf553eace88c3dfeb32a14b699bdff39

WhatsApp која е во сопственост на Facebook, е една од најкористените апликации за разговори во светот. Можеби кај нас повеќе се користат Viber и Messenger, но сепак не значи дека не сме запознаени со популарноста на WhatsApp.

Од компанијата изминатата недела објавија дека после една година од воведувањето на можност за правење на аудио повици, една од најмногу бараните функции од корисниците, тие имаат стигнато до бројка од 100 милиони повици на ден. Како што тие исто така истакнуваат, тоа се 1.100 повици во секунда.

Иако поради различниот начин на објавување на статистиките, Skype на пример ги објавува направените минути во разговори месечно, не е можна директна споредба, од бројката се гледа дека WhatsApp е сериозна конкуренција.

Од компанијата исто така тестираат можност за видео повици, по што оваа апликација ќе стане уште посериозна конкуренција на другите вакви апликации, а посебно на Skype.

Ваквите апликации, во споредба со Skype, се покажаа како повеќе популарни кај корисниците, а можеби најмногу поради начинот на којшто функционираат. За разлика од потребата да се креира посебна корисничка сметка за Skype, WhatsApp и сличните функционираат многу едноставно со внесување на телефонскиот број.

Затоа ваквите апликации и започнаа како алтернатива на SMS пораките, по што постепено почнаа да стануваат многу повеќе. Денес веќе нема луѓе кои не користат барем по две апликации истовремено, како Viber и Messenger, на пример.

Извор: WhatsApp, TechCrunch

Претходна статијаiPhone од наредната година ќе има “Edgeless” заоблен дисплеј на аглите
Следна статијаКого треба да го жртвува вашето автономното возило: вас или другиот?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.