Фото: uTalk Language Education
Фото: uTalk Language Education

Технологијата, а пред се интернетот со самата своја појава влијаше на тоа светот да поприми сосмеа нови, редуцирани димензии. Комуникацијата го доживува својот апекс како вештина која ги поврзува луѓето. Додека до пред само неколку децении, знаењето на повеќе од еден јазик се сметало за исклучителна вештина, со чија помош луѓето би ги рашириле сопствените хоризонти, сега се чини дека хоризонтот пракитчно не постои, туку дека се е на дофат на рацете на индивудуата.

Учењето и знаењето на повеќе јазици и денес претставува предизвик, но пристапот кон добивањето на „титулата“ bilingual е многу поедноставен со помош на апликации како uTalk Language Education.

Апликацијата ќе ви помогне да научите практични термини и вокабулар, кои ќе можете директно да ги користите во конверзација, за разлика од „старошколскиот“ метод на рачно запишување и меморирање со читање. Вниманието на „ученикот“, апликацијата го задржува со помош на интерактивни игри, со кои воедно се оценува прогресот.

Дополнителен бонус е тоа што uTalk не се врзува со користење на еден конкретен уред, туку овозможува опција да се најавите преку било кој уред и да продолжите онаму каде што сте застанале.

Достапни за учење во моментов се 130 јазици, а цената за изучување, на неодредено време изнесува 19,99 американски долари по јазик. Актуелната цена, вусшност е големо намаление кое е достапно на одреден период.

Извор: MashableAndroidHeadlines

Претходна статијаMichelin го претстави тркалото на инднината „Vision“
Следна статијаПутин скептичен, AI технологијата „ќе не изеде“