Денес веќе голем број на бизнис корисници низ светот користат исклучиво социјални мрежи и чет клиенти за комуникација со своите соработници, односно дури и за сериозни состаноци. Времето кога требаше да се фати авион за да се биде на некој состанок дефинитивно помина, а се тоа дополнително ќе се промени со Skype Professional, верзија на чет клиентот на Microsoft наменета за малите бизниси и хонорарците.

Оваа верзија на Skype ќе овозможи цели сесии на предавање за публиката на ваквиот тип на професионалци со потсетник за оние кои треба да ја гледаат сесијата, комуницирање со посебни забелешки со секој индивидуален клиент и дури и можност за плаќање на професионалецот преку самата апликација за сесиите.

Ваквиот начин на работа на Skype Professional би можел значително да го промени начинот на кој учителите ги држат своите часови/предавања, што е многу корисно за земји во развој каде децата се оддалечени од школото, но од друга страна оваа апликација може да биде одлично искористена од фриленсери и за правење туторијали преку интернет, кои на многу подинамичен начин би можеле да ги научат гледачите за тоа како функционира некоја апликација и сл.

Skype Professional е веќе достапен на следниов линк и него може да го пробаат сите заинтересирани, нормално доколку имате во план да ги искористите неговите уникатни можности.

Извор: The Next Web, The Verge, ZDNet

Претходна статијаМАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенија
Следна статијаЗапочна продажбата на Huawei Mate 10 lite во Македонија