Google од оваа недела ја пушта својата нова алатка наречена Pay with Google, која беше претставена во мај. Како и обично, на почеток оваа алатка ќе им биде достапна на корисниците во САД, како и уште неколку други земји, но не е достапна во целиот свет.

Со Pay with Google како корисници ќе можеме да платиме, со сите картички кои ги имаме внесено во нашата Google сметка, различни сервиси, без потреба од повторно пополнување на формуларите кои обично се потребни во вакви случаеви.

Кратко кажано, Google автоматски ќе ги пополнува нашите податоци од картичките, како и адресата за достава.

За разлика од другите апликации кои ја нудат оваа можност, Pay with Google ќе треба да биде вклучен во апликациите посебно, преку API алатката, од страна на програмерите на апликациите.

Исто така, Pay with Google функционира и преку Google Chrome, па корисниците ќе може да го користат и преку својот компјутер, а не само преку мобилниот телефон.

Извор: Google, The Verge, TNW

Претходна статијаИнтервју со Дарко Раткај – Сениор проектен менаџер во Европската радиодифузна унија
Следна статијаСтив Вознијак нема да купи iPhone X првиот ден по лансирањето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.