Најпопуларниот сервис за онлајн стриминг на серии и филмови има нова идеја како да го задржи водството пред конкуренцијата – со програми и шоу емисии, чија приказна корисникот сам ќе ја контролира.

Ова ќе биде нешто налик на видео игра. Всушност, има многу популарни игри во кои вие сте само нараторот, односно кажувате во кој правец ќе се движи приказната и потоа ги гледате резултатите. Ова ќе биде многу слично, бидејќи ќе им овозможи на гледачите за изберат што ќе се случи наредно во приказната, секако по неколку дефинирани патишта како на шемата подолу.

Во почеток ќе бидат достапни две интерактивни програми – Puss in Book: Trapped in an Epic Tale и Buddy Thunderstruck: The Maybe Pile. Ова се програми за деца, на кои веројатно ќе им биде најинтересно да ја контролираат приказната, но можам да замислам дека набрзо ќе има и серии и филмови за возрасни каде ќе може да се контролира нарацијата.

Ова интерактивно искуство засега ќе биде достапно на повеќе паметни телевизиски уреди и за iOS. Од Netflix сепак најавија дека во иднина оваа можност ќе биде достапна и за корисниците на Android, Chromecast и Apple TV, а најавија и дека работат и на други начини на интеракција со гледачите.

Извор: The Next Web, Variety, Telegraph

Претходна статијаПретставен OnePlus 5 – сега камерата е главен адут, а не цената
Следна статијаVertu ќе лансира обични мобилни телефони кои ќе чинат преку 9.500 долари