Една од најнапредните и најбрзорастечки технологии моментално во целиот свет секако се автономните и безпилотни автомобили. Оттука реално е да се очекува сега и во иднина соработки помеѓу две или повеќе компании од оваа сфера со цел побрз развој на производите и услугите кои ги нудат.

Најновата ваква соработка е помеѓу компаниите MobilEye и Here. MobilEye се познати по сензорите кои што ги произведуваат, особено поради тоа што нивните сензори ги користеше Tesla пред да ја прекинат меѓусебната соработка. После раскинувањето на договорот со Tesla, MobilEye вклучува нови договори со големи компании како што се германскиот гигант BMW и Delphy компанија за авто делови која е дел од General Motors. На другата страна на оваа соработка се наоѓа Here, компанија која што е позната и по своите мапи и како поранешен дел од Nokia.

Целта на оваа соработка е да се спојат HD Live mapping софтверот на Here со хардверот на MobilEye. Идејата е Here да ја користи таканаречената roadbook, или мапа од повеќето светски патишта која што MobilEye ја има обезбедено преку нивните сензори поставени на различни возила насекаде во светот. Од друга страна MobilEye ќе може да ги складира нивните податоци во отворената платформа на Here, со што ќе може полесно да ги надградува и да управува со истите.

И двете компании се согласни дека за потребите на автономните возила прво треба да се стандардизира светска HD мапа која ќе биде прецизна и потоа редовно ќе се надградува.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаЕве како сѐ уште можете бесплатно да надградите на Windows 10
Следна статијаКнижевен предлог: Играта на Ендер (Ender’s Game)