Фото: Android Police

Google Maps во својата најнова верзија, која постепено ќе станува достапна за сите корисници, добива помош од Street View за подобро снаоѓање на корисниците при навигација, а посебно на нови места непознати за нив.

Поточно, во делот каде што е истакната листа на сите точки каде ќе треба да свртиме, односно во деталите од навигацијата, ќе бидат додадени слики од местата направени од Street View сервисот.

До секоја точка, ќе стои слика од Street View на која ќе може да се притисне и да се види подобро локацијата. Со тоа ќе треба да се намалат ситуациите кога не сме точно сигурни во кој правец ќе треба да завртиме.

При отворање на Street View, насоката на сликата би требало да е поставена во правецот на движење, односно во правецот каде што ќе треба да се направи вртењето. Со тоа ќе имаме точна слика од местото каде одиме, како и точниот правец на движење.

Дефинитивно се работи за додаток којшто ќе помогне во многу ситуации, а посебно за места кои немаат и баш добра инфраструктура и ознаки на патот.

Покрај оваа промена, новата верзија од Maps (9.52.2) вклучува и одредени промени во корисничкиот интерфејс. Поточно тие се однесуваат на долниот дел, исто така за делот за навигација, но се разбира основната поставеност на апликацијата нема да се промени.

Извор: Android Police

Претходна статијаЗнаменосецот HTC U11 има стислива рамка, врвно аудио искуство и најдобра камера од сите смартфони
Следна статијаПуштено, па повлечено видео со нови Nokia смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.