Во изминатиот период посведочивме засилена кампања против веб-сајтовите кои нудат бесплатно споделување на содржини од типот на филмови, игри или пак софтвер преку популарните торенти. Некои од нив, кои беа трн во окото на филмската индустрија и копирајтерите дури комплетно згаснаа, пример за тоа се некогаш најпопуларните Torrentz.eu KickassTorrents.

Меѓутоа,  во меѓувреме се појавува неверојатна, па може и да се рече неочекувана, алтернатива преку која се постигнува истиот ефект-споделување на содржини, нормално, бесплатно.

Се работи за Google Drive. Многумина ќе се запрашаат зошто не се сетиле на оваа опција порано. Едноставно кажано генијално.

Проблемот кој сега се наметнува се пријавите кои стигаат до сервисот на Google Drive, а достигнаа бројка од 5.000 само во изминатите месец дена. „Пиратите“ изнајдоа начин да ги заобиколат безбедносните системи на Google и својата датабаза да ја префрлат токму на најнеочекуваното место.

Еден од начините за дистрибуција на овие линкови со чија помош се споделуваат содржините е нивно вметнување во видеа објавени на YouTube. Дополнително, за да избегнат детекција „пиратите“ не им доделуваат назнака за жанр и ги споделуваат на „тајни“ форуми. Ваквиот пристап ги спречува имателите на права за споделените содржини воошто да ги детектираат и да ги пријават како нелегални.

Иако Google Drive не единствен сервис од ваков вид, се чини дека им е омилен на „пиратите“ од практична причина што преку една сметка, корисникот има пристап до големо количество меморија и недостаток на верификациски протокол.

Поедноставно кажано, генијално решение, меѓутоа, прашање на време е кога Google ќе ја измени полисата и овој генијален трик ќе замине во историјата.

Извори: TNW, Geek

Претходна статијаОткриена нова камера која може да гледа низ човечкото тело
Следна статијаGoogle го поодбрува Street View