Google Docs од сега ќе ја има опцијата за директно објавување преку платформата WordPress. Користете ја најпрактичната алатка за пишување и текстот директно објавете го на вашата веб-страна преку WordPress.

Одличен чекор напред кон поедноставување на работите за оние кое се занимаваат со пишување содржини наменети за веб-страни. И што е најважно, опцијата е сосема бесплата и достапна во вид на „add-on“.

Ако до сега беше потребно текстот кој го пишувате заедно со колегите, да го прекопирате, повторно да ги закачите фотографиите или друг вид на мултимедиа, па на крајот да го реформатирате текстот, заборавете на сите тие излишни чекори и поставете го текстот директно на вашиот веб-сајт.

За да го набавите едноставно посетете ја официјалната веб-страна на „продавницата“ на Chrome. „Додатокот“ е бесплатен, а инсталацијата е сосема едноставна во неколку кратки чекори. Во менито за подесување пронајдете го вашиот нов „add-on“ и вклучете го. Од десната страна ќе се појави секција преку која ќе можете да управувате со алатката. Вашиот Google Docs можете да го поврзате со неограничен број сајтови на WordPress платформата.

Интересни вести има и за програмерите, со оглед на тоа што изворниот код на алатката е достапен на GitHub па корисниците ќе имаат прилика одблизу да се запознаат со начинот на кој функционира.

Со цел алатката да функционира потребно е да поседувате Google Apps налог, како и да ја имате инсталирано алатката Jetpack со вклучена JSON API поддршка.

Претходна статијаBudweiser ќе се напојува со обновлива енергија
Следна статијаiPhone 8 Edition ќе изгледа исто како Galaxy S8?