Suru_Wallpaper_Desktop_4096x2304_Purple-f

Позадините кои што доаѓаат како дел од верзиите од Ubuntu може да се каже дека се приказна за себе. Секоја наредна верзија доаѓа со нова главна и избор од уште неколку позадини кои што корисниците можат да ги користат без потреба од барање на посебни по интернет.

Позадината која што ќе се користи во најновата верзија од Ubuntu, која што треба да стане достапна стандардно во Арпил, поточно Ubuntu 15.04, е веќе претставена, па истата корисниците можат да ја симнат и да ја користат. Новата верзија е направена според Suru концептот за дизајн кој што Canonical почна да го користи во Ubuntu за телефоните.

Позадината не е многу поразлична од претходната, односно од таа на Ubuntu 14.10, меѓутоа сепак претставува освежување и добро ќе им дојде на корисниците кои што ги користат стандардните позадини кои што доаѓаат со оперативниот систем.

Позадината доаѓа во две верзии, односно стандардна која што ги користи познатите виолетови нијанси, како и верзија со сиви нијанси. Двете верзии можете да ги симнете во продолжение.

Извор: OMGUbuntu

Претходна статијаFacebook ја тргна feeling fat иконата по петиција од група на корисници
Следна статијаВиткањето на времепросторот им овозможи на астрономите четирикратно да забележат супернова експлозија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.