Со секоја нова верзија на познатиот open source оперативен систем Ubuntu има и нова стандардна (default) позадина која што е поставена кога првпат го вклучувате системот. Сите позадини кои што до сега биле на Ubuntu се навистина интересни и голем број од корисниците ги користат, иако се разбира постои можноста за поставување на која сакате слика како позадина.

Позадината која што ќе биде стандардна за новата верзија Ubuntu 14.04 која што треба да излезе идниот месец, веќе е избрана, па истата можете да ја симнете и користите пред официјалното излегување со оперативниот систем. За да ја симнете сликата, притиснете на неа и зачувајте ја со притискање на десното копче од маусот.

wallpaper_approved3

Претходна статијаGoogle направи промени во изгледот на резултатите од пребарувањата на десктоп
Следна статијаExetech XS-3 – паметен часовник за кој што не ви е потребен телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.