MP3, еден од најпознатите зборови во последните 30тина години, оваа недела се враќа на вестите. Поточно, сопствениците на правата за лиценцирање, германската компанија The Fraunhofer Institute, извести дека веќе нема да го лиценцира користењето на овој аудио формат.

Тоа значи дека овој формат веќе нема да може да се користи во нови софтверски и хардверски решенија, па со други зборови може да се каже дека ова е крајот на овој легендарен формат.

Инаку, MP3 својата популарност ја добива најмногу во деведесеттите, понатаму посебно со претставувањето на MP3 плеерите, а посебно iPod. Овој формат станува дефиниција за слушање музика на преносни уреди, но и на домашните компјутери.

Добива на популарност поради алгоритам за компресија којшто го користи, кој овозможи значително намалување на големината на фајлот на песните. Тоа се разбира беше од голема важност пред 20 години кога интернет конекциите беа многу бавни, а и просторот за складирање на преносните уреди исто така многу помал од тоа што е достапно денес.

Еден формат како MP3 им овозможи на корисниците правење на огромна колекција на песни кои можат да ги земат со себе надвор, на одмор и слично. Повеќето од нас кои не сме родени од 2000, па навака, се сеќаваме на чекањето да се симне една песна од интернет со dial-up конекциите кои беа достапни во тоа време.

Од The Fraunhofer Institute истакнуваат дека со тек време се развиени многу понапредни аудио формати кои овозможуваат и подобра компресија, но и многу подобар квалитет. Еден од тие формати е исто така познатиот AAC, па потребата од MP3 во ова време веќе нема логика.

Инаку, пред излегувањето на смартфоните на кои се префрли слушањето на MP3-ките, едни од најпознатите уреди беа MP3 плеерите, кои ги заменија порано популарните Walkman-и, а подоцно Discman-и.

Извор: TechRadar, Gizmodo, NPR

Претходна статијаGalaxy Note 9 ќе биде тенок скоро како лист хартија?
Следна статијаБил Гејтс со совети до денешните студенти преку Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.